Откако Европската ракометна федерација донесе одлука за службени победи на екипите што требаше да играат против руските и белоруските тимови, познати се дел од двојките за осминафинале во Лигата на шампионите.
Вардар без разлика на исходот од мечот од последното коло против норвешкиот Елверум, ќе заврши на петтото место во групата А.
Тоа значи дека во елиминациите, односно во осминафиналето од елитното натпреварување, македонскиот првак ќе се соочи со Веспрем, кој сигурно ќе заврши на четвртотото место во групата Б, на коло пред крајот.
Ова ќе биде соочување на тренерот на Вардар, Давид Дејвис, со некогашниот негов тим Веспрем. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 30 или 31 март, додека реваншот е во Веспрем на 6 или 7 април.