ЕХФ одлучи – службена победа над Мешков , Вардар е осминафилист во ЛШ !

ЕХФ одлучи – службена победа над Мешков , Вардар е осминафилист во ЛШ !
Европската ракометна федерација денеска објави одлука за регистрирање на откажаните натпревари во европските купови.

Екипата на Вардар доби службена победа над Мешков Брест со 10-0 и два бода на контото, со што е потврдено петтото место во групата.

Сите останати натпревари на Мешков Брест и на Мотор Запрожје се регистирани со службени победи за противниците.

Во последното коло, Вардар треба да игра со норвешкиот првак Елверум, но без разлика на исходот од овој натпревар, „црвено-црните“ ќе бидат на петтото место во групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ