Ракометната репрезентација на Фарските Острови денес ќе дебитира на европските првенства, а прв противник ќе ѝ биде Словенија.
Автономната покраина во составот на Данска има само 50 илјади жители, но на овој шампионат ќе настапи со најголемите таленти. Лидер на тимот е 21-годишниот Елијас Елефсен кој е член на Кил, покрај него е десното крило на Фуксе, Хакун Вест, а најголемиот талент е 18-годишниот лев бек Оли Митун кој игра за шведскиот Савехоф. Ракометарите на Фарски Острови веќе направија големо изненадување со пласманот на Европското првенство во Германија, но талентот што го поседуваат наведува на заклучок дека имаат што да покажат и на шампионатот.
Во групата со нив, покрај Словенија се уште Норвешка и Полска што веројатно ги прави Фарски Острови аутсајдери, но ракометарите на оваа селекција сигурно не сакаат да го прифатат тоа.