Искусниот голман Никола Митревски се претстави во добро светло во пресметката со Франција која нашата селекција на крајот ја загуби со десет гола разлика 39:29.
Македонија следниот натпревар на ЕП го игра на 14 јануари против Германија, а два дена подоцна ќе се соочи против Швајцарија.
Митревски забележа 10 интервенции, а една од нив се најде во Топ 5 изборот на ЕХФ за најтрактивните на првиот ден на Европското првенство.
Нашиот голман е на третото место, позицијата број еден е за Германецот, Волф.
Претходно пак Милан Лазаревски доби признание за најубав гол, поточно се најде во најтесниот избор.