Откако вчера во спектакуларен дуел во голеада, Реал после голема драма го победи Атлетико со 5-3, Барселона денеска се погрижи да дојде до првото Ел Класико во 2024 година и тоа, како и лани, во финалето од Суперкупот на Шпанија.

Уште од стартот Каталонците се наметнаа и беа подобар ривал во Ријад. Осасуна беше принудена да се брани, а успешно ги одби налетите и шансите кои ги имаа Феран Торес и во два наврати Роберт Левандовски. Пред полувремето аутсајдерот можеше да остане со човек помалку, но за среќа судиите во ВАР собата утврдија дека стартот на Катена е замо за жолт картон. Осасуна имаше и една можност пред одморот преку Анте Будимир, меѓутоа безуспешно.

 

 

„Каталонците“ ја совладаа Осасуна со 2-0 и в недела ќе го бранат трофејот во ова натпреварување, против Реал со кого во финалето играше и лани. Двата гола Барса ги постигна во второто полувреме, но факт е дека повторно се мачеше, како и на неколку претходни натпревари.

 

Резултатот го отвори Левандовски во 59. минута по една сомнителна акција на средината на теренот во која фудбалерите на Осасуна бараа фаул. Судијата дозволи играта да продолжи, Гундоган го проигра Полјакот, а овој успеа да го совлада противничкиот голман. Конечните 2-0 ги постави Ламин Јамал во судиското продолжение по една убава соло акција на Жоао Феликс.