Херој на пресметката беше полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик кој постигна хет-трик пред триумфално да го напушти теренот. Прво стрелаше од пенал во 11. минута, потоа во 38. и во 48. за да го комплетира хет-трикот. Конечниот резултат го постави Јилдиз во 61. минута од натпреварот. Интересно е тоа што хет-трикот на Милик беше прв на фудбалер на Јувентус во Купот на Италија во последните 18 години, уште од Алесандро дел Пјеро кому тоа му успеа на 10 јануари 2006 против Фиорентина.
Во полуфиналето, Јувентус ќе игра против Лацио, но во оваа фаза се играат по два натпревара. Тие се на програмата во април, Јувентус ќе биде домаќин на првиот меч , а Лацио на реваншот.
Фудбалерите на Јуве оваа победа му ја посветија на тренерот Масимилијано Алегри кој вечерва прослави јубилеј – 400 натпревар на клупата на гигантот од Торино. Покрај дербито меѓу Јуве и Лацио, вториот полуфинален пар од Купот на Италија го сочинуваат екипите на Фиорентина и Аталанта.