Францускиот гигант ПСЖ пред неколку дена го совлада Реал Мадрид со 1-0 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони , меѓутоа денеска беа изненадени на гостувањето кај Нант со 1-3, па така го запишаа вториот пораз во Лига 1, односно прв по неуспехот во октомври против Рен.
Нант немаше милост за скапите „светци“ во првото полувреме, па Навас мораше дури трипати да ја вади топката од својата мрежа, откако за домаќините погодија Коло Муани, Мерлин и Биас.
Нејмар на стартот на вториот дел погоди за 1-3, по што имаше можност и за втор гол со кој теоретски ќе ги вратеше парижаните во игра за бодови, но Бразилецот не реализираше пенал.ПСЖ останува прв на табелата со 59 бодови, односно 13 повеќе од Олимпик Марсеј, додека Нант со денешниот триумф се вклучи во борбата за ЛШ и има 38 бодови на петтата позиција.