Хокеарите на Финска одиграа одличен олимписки турнир. Тоа го зачинија со настап во финалето и голема победа од 2:1 против Русија .
Финска е единствената репрезентација која не забележа пораз на овие Олимписки игри и со тоа заслугата за златото е потполна. Подобар противник во финалето беа Финците, кои ја победија Русија со 2:1 и со тоа стигнаа до историското прво злато.
Единствениот натпревар на целиот турнир што не го решија во 60 минути беше оној во групата против Шведска каде губеа со 0:3, а потоа славеа по продолжение со 4:3. Во сите други натпревари славеа во регуларниот дел од натпреварот и ги победија Словачка, Летонија, Швајцарија,повторно Словачка и Русија.
Во финалето почнаа полошо и Русија прва постигна гол, преку Михаил Григоренко во осмата минута од натпреварот.
Сепак, Финците имаа подготвен одговор и на почетокот на вториот дел израмнија преку дефанзивецот на Омск, Вил Поке.
Последниот дел беше изедначен 1:1, но веднаш во првата минута Финска поведе со голот на напаѓачот на Јокерит , Ханес Бјорнинен.
До крајот на натпреварот Русите притискаа и на секој начин се обидуваа да стигнат до израмнување, но финската одбрана добро се држеше и ги одби сите овие напади.
Кога пропадна обидот на Григоренко во последните секунди, јасно беше кој го зема златото и големото славје на целата финска репрезентација можеше да започне .