На ЗОИ Пекинг 2022, Ставре Јада ја заврши својата прва трка (1,5 км спринт) и на олимписката патека во Жангчиаку постигна резултат од 3:29:13 (заостаток од 44:10 секунди зад победникот на оваа квалификациона трка), со што го освои 86 место во конкуренција на 88 натпреварувачи.
Во останатиот период тој ќе продолжи да се подготвува за неговата втора и последна трка, која на програмата на ЗОИ е на 19ти Февруари.