Американецот Нејтан Чен го постигна најдобриот резултат во историјата на уметничкото лизгање.

Чен беше убедливо најдобар во салата „Капитол“ на Зимските олимписки игри во Пекинг и го собори светскиот рекорд.

Трикратниот светски шампион постигна резултат од 113,97 поени со составот „Ла Боем“.

Ова е најдобриот резултат во историјата на машкото уметничко лизгање.

Борбата за медал продолжува, бидејќи во последната програма на 10 февруари ќе се решава кој ќе го освои златото.

На второто место моментално е Кагијама Јума, додека на третото е Уно Шома.

Слободната програма во четврток започнува во 02:30 часот по наше време.

https://twitter.com/Olympics/status/1490925676890767360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1490925676890767360%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fzimski%2Fklizanje.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D08nav_id%3D2101922