Индија планира да се кандидира за домаќин на Олимпијадата во 2036 година.
На следниот состанок на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), планиран да се одржи во Мумбаи во октомври 2023 година, Индија ќе предложи кандидатура.
Министерот за спорт на Индија Анураг Такур смета дека е вистинско време неговата земја да направи нешто такво.
„Доколку Индија вложува толку многу напор за промовирање на спортот, можам да ве уверам дека ние не само што ќе бидеме домаќини на Олимпијадата, туку и ќе бидеме домаќини на одличен начин“, рече Такур.
МОК организацијата на следните три Летни олимписки игри им ја додели на Париз (2024), Лос Анџелес (2028) и Бризбејн (2032).