Чави кажа дека ги очекува незгоден натпревар, меѓутоа ќе може да смета на услугите на полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој пред Мундијалот беше казнет со три меча суспензија поради црвениот картон со Осасуна.
Левандовски имаше непримерен гест кон судијата, по што беше изречена казната, а Барселона веднаш побара намалување на санкцијата и додека се чека конечна одлука Левандовски ќе може да игра.
„Ќе може да игра против Еспањол, но не знам дали ќе настапи со Атлетико. Ќе видиме што ќе се случи“, кажа Чави.