Американската архитектонска компанија Популус откри детали во врска со почетокот на изградбата на Гран Стад де Казабланка, марокански мега стадион кој заедно со „Сантијаго Бернабе“ и Камп Ноу ќе конкурира за финалниот натпревар од Светското првенство во 2030 година.

Стадионот треба да почне да се гради наскоро, а да биде готов до 2028 година. Локацијата е Бенслимане, на околу 50 километри од Казабланка и е планирано да има капацитет од 115 илјади места што ќе го направи најголем во светот. Според планот кој го објави компанијата Популус, треба да биде ултрамодерен и тоа го прави сериозен кандидат за финалниот меч од Мундијалот за шест години.

 

Светското првенство во 2030 ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, а три натпревари ќе се играат во Аргентина, Уругвај и Парагвај.