Фудбалерите на Шведска ја победија Албанија (1-0), во пријателски натпревар. Средбата се одигра на „Френдс Арената“ во Солна а ја реши единствениот погодок на Густаф Нилсон во второто полувреме.
Двајцата селектори изведоа на теренот квалитетни состави уште од првата минута. Албанците се загреваат за Европското првенство, а од друга страна Швеѓаните пак нема да бидат дел од големиот собир. Првото полувреме во Солна го одбележаа неколку шанси, а најголемата ја имаше Емил Форсберг кој ја погоди рамката од голот. На спротивната страна Броја ја стресе мрежата, меѓутоа беше во недозволена позиција.
Решавачкиот момент на средбата беше во 62. минута, кога Густаф Нилсон погоди за 1-0. Центаршут преку одбраната испрати Кулушевски, а напаѓачот со глава го матира Стракоша. До крајот на дуелот Албанците не успеаја да се вратат резултатски и претрпеа пораз.