Бостон Селтикс ја обезбеди најдобрата стартна позиција пред плејофот во Источната конференција, но синоќа доживеа сензационален пораз на гостувањето во Атланта.

Поразот не е сензационален затоа што Бостон загуби, туку поради начинот на кој беше совладан. Кон средината на втората четвртина, Селтикс водеа со 30 поени разлика (68-38) и изгледаше дека Атланта ќе доживее катастрофален пораз пред своите навивачи. Но наместо тоа, Хоукс на крајот славеа со 120-118 со што го направија најголемиот пресврт во историјата и петти најголем во постоењето на НБА.

 

Кулминацијата на возбудувањата се случи во претпоследната минута кога Тејтум загуби една топка, а Богдановиќ погоди брза тројка и го доведе домашниот тим во водство од 115-114. Атланта направи серија од 7-2 и го реши натпреварот во своја корист.

Џејсон Тејтум го заврши натпреварот со 37 поени, а веќе на средина од втората четвртина имаше 20. Можеби исходот ќе беше поинаков ако Бостон имаше поширока клупа, односно ако Џо Мазула ги имаше на располагање и Џру Холидеј и Дерек Вајт кои го пропуштија натпреварот. Кај Атланта, сите играчи од  стартната постава беа двоцифрени, најефикасен беше Хантер со 24, а Богдановиќ постигна 22 поена.