Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и неговите Далас Маверикс синоќа го забележаа вториот пораз во низа.
Најдобар стрелец во натпреварот беше Дончиќ, кој постигна 40 поени, а на учинокот додаде и десет асистенции, шест скока и три украдени топки. Сепак, Дончиќ по натпреварот не беше задоволен, особено од перформансите во одбраната.
„Не знам како да го објаснам овој резултат, но мораме да бидеме многу подобри. Јас сум виновен за овој пораз. Донесов две глупави одлуки во последните два напади. Тоа не требаше да се случи. Ја одиграв убедливо најлошата дефанзива оваа сезона Јас сум виновен за овој пораз“, изјави Дончиќ по натпреварот.
И со овие два последователни порази против, објективно, послаби екипи, Далас е во прилично добра ситуација. Тој е петти во поредокот на Западната конференција со сооднос 29-23, позади Јута Џез и пред Денвер Нагетс.