Првото полувреме од натпреварот меѓу Далас и Кливленд помина целосно во знакот на Лука Дончиќ кој беше незадржлив за противничките кошаркари.
Освен што постигна 29 поени, имаше неколку потези со кои ја крена на нозе публиката на трибините и предизвика еуфорија во арената. Еден од нив и во финишот од првата четвртина кога тргна кон противничкиот кош, навлече двајца противнички играчи, а потоа преку глава додаде до Кари, кој погоди тројка без коски.