Далас Маверикс со блескавиот Дончиќ ноќеска против Кливленд беше сурово казнет, со пораз на домашен терен.

Кливленд Кавалирс славеше со 113-110 иако во првото полувреме се чинеше дека ќе доживеат катастрофа во Тексас. Лука Дончиќ едноставно танцуваше во теренот и во тие 24 минути постигна 29 поени, а ги доведуваше до лудило противничките кошаркари. Далас го искористи тоа и во втората четвртина водеше со 50-30.

 

Во вториот дел тотално имаше сосема поинаква слика иако домаќините го задржаа водството до последните минути. Клучна се покажа серијата од 15-0 во последниот квартал, а сето тоа откако Кливленд заигра поагресивна одбрана, на раб на фаул и успеа да го задржи Дончиќ. Кога тоа се случи, останатите играчи немаа решение, па предноста почна да се топи, Словенецот влечеше нерезонски потези и на крајот Далас направи од готово-вересија. Во еден период Мавс имаа дури 13 промашени шута за тројка во низа.

Дончиќ го заврши натпреварот со 39 поени, 7 скока и 6 асистенции, но далеку зад него остана Сет Кари со 19 поени. Затоа, партија на сезоната одигра Карис Леверт кој постигна 29 поени, а во завршницата погоди 6 тројки. Подеднакво импресивен беше Џерет Ален кој оствари монструозен дабл дабл со 24 поени и 23 скока.