Уште една маестрална партија имаше србинот Никола Јокиќ во дресот на Денвер. За негова жал не успеа да ја круниса со победа, иако постигна 40 поени, тој во последната секунда промаши шут за тројка за победа, па така Сакраменто славеше со 127:126.

Одличен настап имаше и Гркот Јанис Адетокумпо, кој за Милвоки против Чикаго постигна 45 поени, но и тоа не беше доволно за победа на неговиот тим.

Резултати:

Детроит – Орландо 121:101, Вашингтон – Феникс 127:102, Атланта – Бруклин 107:108, Мајами – ЛА Лејкерс 112: 98, Чикаго – Милвоки 113:119, Њу Орлеанс – Минесота 119:118, Голден Стејт – Јута 112:107, Сакременто – Денвер 127:126