Клубот кој во последната деценија потроши неколку стотици милиони долари на тренерски имиња како Фелипе Сколари, Марчело Липи, Фабио Канаваро, на играчи како Паулињо, Џексон Мартинез, Талиско, Алан и започна изградба на најголемиот стадион на светот за 1,9 милијарди долари, испадна од првата кинеска лига откако победи само на три од 33 меча и сега му следува бришење од фудбалската мапа.
Името на клубот до неодамна беше Гвангжу Евергранде, но главниот спонзор прогласи банкрот откако долговите достигнаа неверојатни 250 милијарди долари и тоа предизвика заминување на сите играчи од тимот.
Интересно е што во минатото, кога спонзорот „Евергранде“ фрлаше тешки милиони, клубот го имаше и третиот најплатен фудбалер на светот, Дарио Конка, кој во 2011 година заработуваше 200.000 долари неделно и пред него, според примањата, беа само Кристијано Роналдо и Лионел Меси.