Денеска се одржа ждрепката за осминафиналето од Купот на Шпанија, а таа донесе големо дерби помеѓу гигантите од Мадрид, Атлетико Мадрид против Реал Мадрид.

Купот на Шпанија по осминафиналните натпревари ќе остане без еден гигант од Мадрид. Атлетико ќе ја има предноста на домашен терен.

Барселона доби поволна ждрепка, ќе игра кај третолигашот Унионистас.

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Унионистас од Саламанка во осминафиналето од шпанскиот Куп на кралот за противник ја добија големата Барселона, што наместо страв предизвика – еуфорија.

Нисколигашот сензационално го исфрли Виљареал по подоброто изведување пенали.

Фудбалерите на третолигашот вечерва заеднички ја чекаа ждрепката за осминафиналето, а кога ја добија Барселона, нивните реакции станаа хит на социјалните мрежи.

Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски ќе гостува кај најголемиот хит во Шпанија и воопшто во топ пет лигите, тимот на Жирона.