Екипата на Манчестер јунајтед е последниот директени патник во четвртата рунда од ФА купот, откако без поголеми проблеми го совлада третолигашот Виган (2-0) во првиот натпревар во 2024 година.
Ова беше прва гостинска победа за „ѓаволите“ во сите натпреварувања по пауза од еден ипол месец, која носи оптимизам кај навивачите на овој тим за продолжение од сезоната. Тимот од „Олд Трафорд“ постигна по еден гол во двете полувремиња, а стрелци беа двајца Португалци – Диого Далот во 22. минута и Бруно Фернандеш во 74. минута од пенал.
https://twitter.com/i/status/1744459313513365732
Јунајтед и во следната фаза од ова натпреварување ќе има релативно лесна задача бидејќи за ривал ќе има нисколигаш и тоа победникот од повторената пресметка помеѓу Њупорт каунти и Истлиџ, кому ќе му гостуваат.