Норвешката гол машина Ерлинг Халанд во Барселона можеби во моментов е невозможна мисија, но претседателот на клубот Жоан Лапорта смета дека најголемиот сон може да стане реалност.
Каталонските медиуми го открија деталниот план на Жоан Лапорта, кој веќе почнал да работи на трансферот на Ерлинг Халанд, но најверојатно дури следната година или во 2026 година кога клубот треба да биде финансиски многу постабилен.
Лапорта е во одличен однос со Рафаела Пименто, агентката на норвешкиот репрезентативец, која во едно неодамнешно интервју откри дека го обожува претседателот на Барселона и дека не може да му каже „не“.
Изворите пишуваат дека Халанд веќе еднаш кажал „да“ на Барселона, летото 2022 година, но дека клубот тогаш не можел да си го дозволи, па Лапорта се договорил со покојниот Мина Раиола повторно да се сретне за три години за да го реализира трансферот. Рафаела Пименто е десната рака на Раиола која ги презеде сите негови бизниси и е клучот за преговорите на Лапорта.
Во Барселона се убедени дека ривалството меѓу Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд е следното големо по Лионел Меси и Кристијано Роналдо и дека Норвежанецот повеќе би сакал да дојде во Барселона за да биде прва ѕвезда отколку да оди во Реал Мадрид.
Пеп Гвардиола има договор до 2025 година и се верува дека ќе го напушти Манчестер Сити и тоа дополнително ќе влијае на завршување на мисијата на „Итихад“ и за Халанд.
Барселона има јасен финансиски план да се стабилизира целосно во следната година и потоа да може да ги доведе најголемите фудбалски имиња.
Исто така, планот е тогаш да си замине Роберт Левандовски, а Халанд да ја наследи неговата „деветка“.
Во моментов тоа навистина звучи како нереален сон, но Лапорта сигурно ќе направи сѐ за да стане реалност.