Велс ја совлада Австрија со 2:1 на домашен терен и се пласираше во финалето од квалификациите за Светското првенство, каде ја чека подобрата селекција од мечот меѓу Шкотска и Украина. Тој, пак, е одложен поради војната во Украина и треба да игра во шестиот месец, кога ќе биде познат и последниот европски патник во Катар.
Сепак, колумнистот на Телеграф, Џим Вајт, смета дека и Велс и Украина треба да се повлечат од натпреварувањето и на тој начин Украина да се квалификува за Светското првенство. „Сите сакаат Украина да биде сместена во Катар, а тоа ќе донесе долгорочна почит и благодарност за Велс и Шкотска, без разлика колку е тешко тоа“, рече Вајт.