Италија се уште е во шок по сензационалниот пораз од Македонија (1:0).
Наместо да се подготвува за бараж финалето со Португалија, европскиот првак ќе мора да игра бесмислен меч со Турција која беше поразена од Португалија во бараж полуфиналето, а селекторот Роберто Манчини дозволи шестмина играчи да го напуштат репрезентативниот камп во Коверчиано – Лоренцо Инсиње, Чиро Имобиле, Жоргињо, Марко Верати, Џанлука Манчини и Доменико Берарди.
Италијанските медиуми пренесуваат дека дури тројца од нив најверојатно ќе се простат од репрезентацијата. „Кориере дело Спорт“ објави дека разочараните Инсиње, Имобиле и Жоргињо одлучиле повеќе да не играат за „Аѕурите“.