Синоќа со 4-0 ја распарчија Јамајка во мундијалските квалификации во зоната КОНКАКАФ и така со 54 дадени голови и како првопласирани успеаа да го заверат пласманот на Светското првенство на крајот од годинава, кое ќе се игра во Катар.
Канада на коло до крајот со само еден пораз во досегашните 13 меча до победата и историскиот успех дојде уште во првиот дел откако Ларин во 13-та и Бушан во 44-та дадоа два од четирите гола, па веќе беше јасно дека Мундијалот нема да им избега. Во самата завршница од мечот, Хоиле во 83-та и Мариапа со автогол во 88-та минута само ја заверија победата и мундијалската виза.
САД, Мексико и Костарика се во завршната трка за преостанатите две директни места на СП, како и за местото во интерконтиненталните баражи во јуни, кои ќе ги дадат последните патници на Светското првенство.