Францускиот шампион Пари Сен Жермен на прес-конференција во својата база во Поаси ќе го претстави новиот тренер Луис Енрике, најави „Л’ Екип“. Во текот на денешниот ден „светците“ и дефинитивно го раскинаа договорот со Кристоф Галтие.
Галтие досегашниот тренер на ПСЖ, кој имаше уште една година од договорот, ќе ја добие бараната финансиска отштета.
Луис Енрике, кој до неодамна беше селектор на шпанската репрезентација, се очекува да биде претставен од претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.