Амар Рахмановиќ го одбележа денешниот натпревар помеѓу Ризеспор и Коњаспор поради директен црвен картон.
Ризеспор пред своите гледачи го победи Коњаспор со 2-1 и стигна до трите бода, но по мечот турските медиуми само зујат за потегот на Рахмановиќ, кој доби директен црвен картон во 96. минута.
Сепак, во шестата минута од продолжението, репрезентативецот на БиХ ги изненади сите со својот потег. По еден прекршок, Рахмановиќ реагираше бурно бидејќи му пријде на судијата и го оттурна, а потоа му покажа директен црвен картон.
Јавноста во Турција е изненадена од ваквиот потег на репрезентативецот на БиХ, кој претера со својата реакција, а според тамошните медиуми, Рахмановиќ сигурно го чека жестока казна за таквиот потег.