Данди Јунајтед вчера го совлада Ст. Џонстон во натпревар кој заврши како што посакуваа македонските репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски.
По две ремија по ред од почетокот на сезоната во шкотската Премиер лига, Данди Јунајтед влезе со амбиции да стигне до првата победа, а гостите на 0:0 не искористија голема шанса, за која казната стигна наскоро.
Повторно, инспиратори во тимот на Данди Јунајтед беше македонскиот тандем, кој буквално го заработи првиот гол во победата од 2:0.
Трапановски се проби по левата страна и се најде во ситуација да проигра во шеснаесетникот, таму го пронајде Бабунски, а неговиот удар беше нецелосно неутрализиран од противничкиот голман, па Стивенсон го искористи тоа и го претвори отпадокот во погодок.