Напаѓачите на Уругвај не беа на очекуваното ниво, па така Суарез и Нуњез не успеаа да испратат ниту еден удар во рамките на голот, додека стативата на Јужна Кореја прво ја затресе Диего Годин, а во финишот истото му се случи и на Федерико Валверде кој испрати вистинска „бомба“. Кореја во самиот финиш пропушти голема шанса, не успеа да погоди Сон.
Уругвај во следното коло игра против Португалија, додека Јужна Кореја ќе се соочи со Гана.