Селта го декласираше Алавес со 4-0 во рамки на 35.коло во Ла Лига и го остави ривалот закован на дното на табелата.

Tјаго Аспас постигна два гола за тимот од Галиција, додека еден беше автогол на Наваро, а еден постигна Тијаго Галјардо.

Кадиз оствари многу важна победа од 3-0 против Елче во борбата за опстанок во елитата. Домашниот тим головите ги постигна во последните 10 минути од средбата, откако гостите останаа со играч помалку по црвениот картон за Езекиел Понсе. Алваро Негредо, Рубен Сорбино и Антони Лозано беа стрелци на головите за домашниот состав.

Кадиз сега има 35 бодови на 16.место на табелата, три повеќе од опасната зона.