Извонреден тенис, како од некоја друга планета. Фантастично, а од трибините се навиваше како на фудбалски натпревар. Величенствено. Карлос Алкараз и дефинитивно е ЧУДО, откако вчера го победи Рафа Надал, денеска во полуфиналето на АТП во Мадрид успеа да го „спакува“ и Новак Ѓоковиќ и тоа со резултат во сетови 2:1.
Мечот траеше речиси четири часа. Првиот сет го доби Новак во тај – брејк. Шпанецот врати во вториот сет со 7:5, а во третиот сет права драма, која ја доби младиот Шпанец и тоа во тај-брејкот. Испушти две меч – топки, но не и третата.
Тенис кој ретко се гледа, Новак е мајстор, но Алкараз е тениски велемајстор кој се пласира во утрешното финале.