„Црвените ѓаволи“ добија уште едно понижување сезонава и веројатно едвај чекаат да завршат натпреварите. Мозес Каиседо погоди за 1-0 во 15.минута. Марк Кукурелја зголеми на 2-0 во 49.минута, а убедливата победа „галебите“ ја комплетираа преку Паскал Гроз и Леандро Тросар.
По овој пораз Манчестер јунајтед и математички ги загуби сите шанси за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона на едно коло до крајот на сезоната.
Клубот има вкупно 58 бодови сезонава, а до крајот има да одигра само уште еден натпревар што значи дека математички ова е најлошата сезона на Јунајтед во историјата на Премиерлигата. Претходно најслабиот резултат на „ѓаволите“ е 64 бодови во сезоната 2013/2014.