Репрезентацијата на Аргентина ја забележа и четвртата победа, со двата гола на Лео Меси го совлада Перу со 2-0 на гостински терен, а Бразил беше поразен од Уругвај.
Аргентина ја продолжи триумфалната серија во квалификациите за Светското првенство, голманот Мартинез заврши уште еден натпревар без примен гол.
Херојот на гаучосите на дуелот со Перу, беше виртуозот Лео Меси кој постигна два гола во првото полувреме за победа од 2-0. Блиску беше и до хет-трик, ја затресе мрежата и во вториот дел, но голот му беше поништен поради офсајд.
За разлика од Аргентина, Бразил загуби на гостински терен од Уругвај. Дарвин Нуњез во финишот од првото полувреме погоди за водство на домаќините од 1-0, а напаѓачот на Ливерпул во 77. минута асистираше до Де ла Круз за конечни 2-0.
Кариоките не само што го загубија натпреварот, туку останаа туку и без напаѓачот Нејмар кој тешко се повреди, при дуел со противнички фудбалер. Во истиот момент, почна да плаче и гестикулираше во агонија.
Беше јасно дека Нејмар не може да продолжи. Го однесоа од теренот на носилки.
Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка.
Венецуела беше најубедлива откако со 3-0 го победи Чиле, Парагвај со 1-0 ја совлада Боливија, а без голови заврши дуелот меѓу Еквадор и Колумбија.