Репрезентацијата на Англија е деветта која обезбеди пласман на Европското првенство, по триумфот против Италија со 3-1.

Во реприза од финалето на последниот континентален шампионат, Англичаните на Вембли славеа со 3-1 и имаат шест бода повеќе од својот вечерашен противник со тоа што славеше во двете меѓусебни пресметки во овој циклус.

Херој на Англичаните беше Хари Кејн кој постигна два од трите гола и стигна до 61 во репрезентативниот дрес. Италијанците поведоа со голот на Скамака, но потоа Кејн, Рашфорд и повторно Кејн се погрижија за пресврт и триумф на овој дуел. Италија уште не е во загубена позиција, но мора да ја победи Македонија на домашен терен и потоа да извади барем бод против Украина на која ѝ останува само еден натпревар до крајот на квалификациите.

 

 

Со идентичен резултат славеше и Србија против Црна Гора и сега „орлите“ на само милиметри од пласман н првото европско првенство по пауза од 24 години. На Црногорците им требаше барем бод за да останат во игра, имаа нерешен резултат (1-1) до 73. минута, но не издржаа. Александар Митровиќ постигна два гола, еднаш погоди Тадиќ, а за Црна Гора, во листата на стрелците се запиша Јоветиќ. На Србите им треба барем бод во дуелот против Бугарија на домашен терен во последното коло.

 

 

По денешните натпревари и Словенија е блиску до пласман на Евро 2024 што би бил, исто така, прв настап за оваа селекција на континенталните шампионати по 2000 година. Словенците славеа со 1-0 на гости кај Северна Ирска и на двата последни дуели им е потребна барем една победа, а играат со Данска на гости и Казахстан на домашен терен. Унгарија можеше да го бетонира своето место меѓу пласираните, но беше непријатно изненадена од Литванија (2-2).