Фудбалерите на Мароко го освоија бронзениот медал откако катастрофално го поразија Египет со 6-0 на Летните олимписки игри во Париз.
Езалзули Абде беше стрелец со извонреден удар во 23. минута за водство од 1-0, а тоа беше само почетокот на дебаклот на Египет, кој прими уште еден гол после пет минути, стрелец беше Рахими со удар со глава по одлична асистенција на Езалзули..
Ел Канус во 51. минута го матира противничкиот голман и зголеми на 3-0, а потоа стрелаа Рахими, Нахач и Хакими за конечни 6-0 во битката за бронзен медал.
Натпреварот на „Стејд де Бужур“ во Нант понуди големо славје за навивачите кои доминираа на трибините, а тоа секако беа мароканските.
Мароканците имаа сè под контрола и дојдоа до убедлива победа и бронзен медал н ОИ.
Во натпреварот за златниот медал в петок ќе се судрат Франција и Шпанија.