Кошаркарите на домачинот Франција триумфираа со 73-69 во полуфиналето против Германија и ќе играат во дуелот за златен медал на Летните олимписки игри во Париз.
Германија го почна натпреварот фуриозно и по првите 10 минути имаше водство од 25-18, по што следуваше четвртина во која нападите на екипите не беа расположени и постигнаа вкупно 23 поени за нерешен резултат на полувремето (33-33).
Франција во второто полувреме со одлична одбрана направи пресврт и во завршницата влезе со предност од 56-50, по што Германија во последните 10 минути постојано бркаше негатива, но не успеа да се спаси од пораз.
Шрудер беше најефикасен кај Германија со 18 поени, два скока и четири асистенции, додека Јабузеле постигна 17 поени, седум скокови и две асистенции за Франција.
Французите во финале ќе се борат против победникот од мечот меѓу САД и Србија.