Филаделфија 76 продолжија да газат во НБА плејофот со победата од 100-87 на синоќешниот натпревар против Оклахома Сити. Нивниот најдобар играч Џоел Ембиид одигра неефикасен натпревар, во кој погоди осум удари од 25 обиди. Сепак, Ембиид ги предводеше Сиксерси со 25 постигнати поени.

Но потегот кој привлече најголемо внимание на овој натпревар беше едно неуспешно забивање. 22-годишниот Пол Рид ја украде топката на својата половина и патот до кошот беше отворен пред него. Рид се обиде да направи атрактивно забивање, но сето тоа не заврши добро.