Натпреварот беше крајно неизвесен, таква беше и неговата завршница по која се радуваа кошаркарите на Париз. Партизан имаше водство од 71-70, но домаќините реализираа четири слободни фрлања и дојдоа до триумф од 74-71.
Македонскиот репрезентативец ТиЏеј Шортс натпреварот го заврши со 13 поени, имаше и осум асистенции, најефикасен во составот на Париз беше Нифи со 17 поени.
Во составот на Партизан, Карлик Џонс беше најефикасен со 20 поени, Маринковиќ реализираше 16.
Френк Ниликина вторпат во само неколку евролигашки рунди е „трагичар“ на Партизан.
Францускиот кошаркар имаше шут за тројка и победа на Партизан кај дебитантот Париз. Сепак, Ниликина не успеа да погоди на две секунди пред крајот при резултат 72-71.
Потоа кошаркарите Ти-Џеј Шортс и соиграчите добија две слободни фрлања кои ги реализираа за конечен триумф. На секунда до крајот имаше Партизан и уште еден обид, но од многу тешка позиција промаши и Лундберг.
Ова за Ниликина беше втор обид да реши натпревар на својот Партизан, но неуспешно. Слично беше и во поразот од Виртус Болоња во Белград, ама тогаш Французинот направи „бунар“ при ударот за три поени.