Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски е европски првак откако го освои златниот медал на Европското кикбокс првенство кое се одржува во Атина. Тој ја одбрани круната од пред две години, денеска во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска.

Во финалната борба во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го победи полскиот кикбоксер.

Претходно на патот до финалето Илиоски вчера со спектакуларен нокаут го совлада Гркот Христос Филис.

 

Македонија од Европското првенство во кикбокс се враќа со два медали, покрај златото на Илиоски, освоивме и бронзен медал кој е дело на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Првенството на кое учествуваа 982 натпреварувачи од 41 држава завршува утре.