Македонската кикбоксерка, Марија Димовска со златен медал се враќа од Будимпешта, Унгарија, каде се одржува Светското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори.

Димовска во финалето со 2-1 ја победи израелската кикбоксерка Мија Лијамичев во дисциплината лоу-кик за млади јуниори до 60кг.

Голем успех постигна и Лука Змејкоски кој го освои сребрениот медал на ова Светско првенство на кое учествуваат 2.256 спортисти од 68 држави во светот.