Англискиот вицепрвак Арсенал одигра нерешено против Брајтон (1-1) во третото коло од Премиерлигата.
„Топчиите“ беа подобри на теренот во првото полувреме и постигнаа гол преку Каи Хаверц во 38. минута.
Ситуацијата на теренот драстично се промени по вториот жолт картон на Деклан Рајс во 49. минута кој ги остави топчиите на цедило, по што Брајтон тргна со сите сили кон голот на Давид Раја.
Жоао Педро ја затресе мрежата на домаќинот во 58. минута и израмни на 1-1, по што двете екипи имаа по неколку шанси до крајот, но резултатот не се менуваше.
Арсенал и Брајтон имаат по седум бодови по три одиграни кола во Премиерлигата.