Македонската параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова заврши на осмо место на Параолимписките игри во Париз во категоријата Воздушен пиштол на 10 метри.
Во квалификациите македонската претставничка заврши како петта со резултат од 558 кругови откако Иранката Шахи беше дисквалификувана.
За Бикова ова беше шести настап во едно финале, а за два дена ја очекува настапот во категоријата П3 – пиштол од 25 метри.