Тинејџерот на Барселона Пау Кубарси ќе го памети гостувањето во Белград, во Лигата на шампионите кај Црвена Звезда, но не по победата на неговата Барса (2-5).
Младиот стопер доби удар со копачка во лицето од Урош Спајиќ, по кој имаше расекотина. Кубарси доби десетина конци и изгледаше како да бил на фронт, а не на фудбалски натпревар.
И покрај таквото случување пред само неколку денови, дефанзивецот му ставил јасно до знаење на тренерот Ханси Флик дека викендов сака да игра против Реал Сосиедад. Кубарси нема во план да седи и да одмора, бидејќи смета дека не му е потребно време за заздравување.
Сепак, според шпанските медиуми тренерот Флик е во дилема и не сака да ризикува со младиот дефанзивец.