УЕФА ќе ја повтори ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Направена е голема грешка при ждрепката, бидејќи како еден од паровите кои беа извлечени беше Виљареал и Манчестер Јунајтед.
Првото и основно правило е дека не можат да играат екипи кои играле во групната фаза.
За прв пат во историјата на ждрепката се случи ваква грешка, која скапо го чинеше Виљареал.
На крајот го добија Манчестер Сити, додека Манчестер Јунајтед го доби ПСЖ – никој не помина добро.
Грешката го погоди и Атлетико Мадрид, бидејќи немаше топка со Јунајтед во барабанот, па Атлетико го доби Баерн Минхен.
„Јорганџиите“ се пожалија во УЕФА и побараа објаснување и нова ждрепка за која се сложија и во Виљареал.
Во приказната се приклучи и Реал Мадрид кој се обрати до УЕФА и побара доколку се повтори ждрепката да тргне по нив бидејќи грешката се случила откако „кралскиот клуб“ ја извлекол Бенфика.
Новата ждрепка ќе се одржи во 15:00 часот.