Њукасл продолжи со градење на моќна екипа за следната сезона, па вечерва го потврди трансферот на еден од најдобрите англиски голмани, Ник Поуп, кој потпиша четиригодишен договор.
Поуп доаѓа на „Сент Џејмс Парк“ и ќе биде второ засилување за тренерот Еди Хау, откако претходно Њукасл го откупи договорот на Мат Таргет, кој шест месеци беше на позајмица во премиерлигашот.