Јувентус продолжува да победува во Серија А, откако на свој терен минимално со 1:0 славеше над Удинезе, во меч од 17. коло. Данило го постигна првиот погодок сезонава во Серија А и тоа беше во вистински момент. Се играше 86 минута кога Киеза асистираше, а на Данило му остана полесната работа, да го погоди празниот гол.
Со голот на Данило уште еднаш се потврди дека Јувентус е најопасен во финишот, па дури 30 отсто од погодоците на торинскиот гигант сезонава се постигнати по 80 минута.
За Јувентус ова беше петта победа со резултат од 1:0 во оваа серија од осум триумфи во низа. Тимот на Алегри во оваа низа од осум победи има гол разлика од 14 дадени и ниту еден примен гол.
Со овој триумф Јувентус се искачи на второто место на табелата со 37 бодови, еден повеќе од Милан, а четири помалку од лидерот Наполи. Милан и Наполи имаат меч помалку од Старата дама.