Роберт Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со поранешните соиграчи и раководството на клубот, но фановите му возвратија со скандирања „Хала Мадрид!“
Левандовски за 50 милиони евра се пресели од Баерн Минхен во Барселона, а бидејќи немаше време да се збогува со долгогодишните соработници, вети дека ќе се врати по враќањето од САД и сега го исполни ветувањето.
Но, навивачите имаа реакција кон Левандовски. При излегувањето од клупските простории, насобраните навивачи скандираа „Хала Мадрид, хала Мадрид“!
Левандовски освои апсолутно се што можеше со Баерн Минхен во претходните осум години. Постави многу рекорди, постигнувајќи 344 гола на 375 натпревари.