Голгетерот на Еспањол Раул де Томас е нова опција за нападот на европскиот шампион Реал (М).
„Кралевите“ треба да добијат барем уште еден напаѓач како поддршка за Карим Бензема.
Се очекува наскоро „галактикоси“ да се разделат со Маријано Дијаз, како што тоа веќе го направи Борха Мајорал. Така ќе остане празнина во врвот на нападот. Медиумите во Шпанија прогнозираат дека поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул де Томас, кој минатата сезона имаше извонредни настапи за Еспањол со кој си заработи место во репрезентацијата на Шпанија е прва опција.