Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ја продолжи кариерата во Серија Б, каде што ќе го носи дресот на Комо.
Клубот денеска соопшти дека потпишал договор со поранешниот играч на Барселона, Челси и Арсенал.
Фабрегас во текот на кариерата стана двапати европски шампион и еднаш светски првак со Шпанија, а ги има освоено Ла Лига, Премиерлигата, ФА-купот и Лига Европа.